Еден од најдобрите ракометари од Србија стави крај на кариерата

Еден од најдобрите пивоти во Европа во последните две децении, ракометарот од Србија, Растко Стојковиќ одлучи да стави крај на својата кариера.Тој после две дениции успешни настапи нема да биде на терените во новата сезона.

Стојковиќ во последната сезона го носеше дресот на екипата на Макаби Ришон откако претходно пет години мина во тимот на Мешков Брест. Стојковиќ беше активен од 1997 година во Црвена Звезда каде ја почна кариерата. Играше за Партизан, Студентски град, Борац Бања Лука, Фулинген, Нордхорн, Келце, Ал Рајан, Мешков Брест и Макаби.

Од 2007 беше репрезентативец на Србија со која во 2012 година го освои сребрениот медал на Европското првенство, но не беше дел од Олимписките игри во Лондон истата година.

Кариерата ја завршува на 38 години, но после проблеми со повреди кои го спречија во последните неколку години да игра на повисоко ниво.