Еден меч, една вечер, а неколку рекорди во сопственост на Вардар

Екипата на Вардар си обезбеди финале број 6 во седмата сезона од СЕХА лигата со што само продолжи со рушењето на рекордите во натпреварувањето со што како да сакаше да покаже дека сезонава е еден од тимовите претплатени за да ги рушат најдобрите постигнувања.

300x250

Покрај овој рекорд, Вардар има уште еден, а тоа е за најголемата победа направена на еден завршен турнир. Досегашниот беше осум погодоци, па од денеска има нов со триумфот од 33:24 против Мешков Брест кој претставува нвоо најдобро постигнување.

Ако на ова се додаде дека ја забележа и 18. победа во оваа сезона веќе е јасно дека Вардар продолжува да ги подобрува личните постигнувања. Претходно „црвено-црните“ беа првиот тим кој стигна до 17 победи во регуларниот дел од сезоната.

Воедно денешниот триумф беше и вкупно 110-ти во СЕХА натпреварувањето така што и ова е подобрување на досегашните бројки. Инаку, Вардар е единствениот клуб кој има троцифрен број на триумфи во СЕХА-лигата и останува единствен со вакви бројки бидејќи Загреб е вторпласиран со 96 победи.