Европско првенство: Денеска нема ракомет, но утре програмата е двојна

Протестите закажани за денеска низ Франција ги одложија натпреварите во Нант, па место денеска тие се презакажани за утре што значи дека ќе има двојна програма и утре ќе се игра и во Групата 1 (Нант) и во Групата 2 (Нанси).

Веќе се одиграа по две средби и станува јасно дека ќе има уште многу надигрување до крајот на првенството бидејќи никој не може да се опушти и да биде сигурен околу пласманот во полуфиналето.

Ова значи дека утрешните дуели ќе почнат полека да покажуваат кои репрезентации се во предност околу полуфиналето. Сосема извесно е дека има по четири репрезентации во двете групи кои можат во битката за медалите, но ќе мора да се издржи на следните пресметки кои ќе бидат многу потешки.

ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО (ВТОРА ФАЗА)

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

ГРУПА 1

ДАНСКА – ФРАНЦИЈА 23:29

Волер 5, Хансен 4, Јоргенсен 4 – Нзе Минко 6, Пино 4, Зади 4

ШВЕДСКА – ЦРНА ГОРА              28:30

Гулден 6, Бломстранд 4, Густин 4 – Радичевиќ 9, Мехмедовиќ 7, Јауковиќ 3

НЕДЕЛА, 09.12.2018

15:00ч

ШВЕДСКА – ФРАНЦИЈА

18:00ч

СРБИЈА – РУСИЈА

ПОНЕДЕЛНИК, 10.12.2018

18:00ч

ДАНСКА – РУСИЈА

21:00ч

СРБИЈА – ЦРНА ГОРА

СРЕДА, 12.12.2018

15:45ч

ДАНСКА – ЦРНА ГОРА

18:00ч

ШВЕДСКА – РУСИЈА

21:00ч

СРБИЈА – ФРАНЦИЈА

ТАБЕЛА: 1. Франција 4 бода (77:69); 2. Русија 4 (50:46); 3. Србија 2 (51:47); 4. Шведска 2 (79:91); 5. Црна Гора 2 (73:77); 6. Данска 2 (78:88).

ГРУПА 2

ШПАНИЈА – ГЕРМАНИЈА            23:29

Мартин 7, Родригез 5, Фернандез 4 – Болк 4, Гешке 4, Шмелцер 5

УНГАРИЈА – НОРВЕШКА             25:38

Тот 6, Ковач 4, Ковачич 3 – Локе 7, Офтедал 6, Херем 6

НЕДЕЛА, 09.12.2018

15:00ч

УНГАРИЈА – ГЕРМАНИЈА

18:00ч

ХОЛАНДИЈА – РОМАНИЈА

ВТОРНИК, 11.12.2018

18:00ч

ШПАНИЈА – РОМАНИЈА

21:00ч

ХОЛАНДИЈА – НОРВЕШКА

СРЕДА, 12.12.2018

15:45ч

ШПАНИЈА – НОРВЕШКА

18:00ч

УНГАРИЈА – РОМАНИЈА

21:00ч

ХОЛАНДИЈА – ГЕРМАНИЈА

ТАБЕЛА: 1. Романија 4 бода (60:47); 2. Холандија 4 (56:52); 3. Германија 4 (86:84); 4. Норвешка 2 (93:89); 5. Унгарија 2 (82:92), 6. Шпанија 0 (76:89).