Европскиот првак Вардар ќе се тестира со Металопластика, Борац, Извиѓач, Изола…

Од 9 до 11 август, ракометарите на Вардар ќе настапат на турнир во Требиње со уште пет други екипи – Металопластика Шабац, Извиѓач Љубушки, Леотар Требиње, Борац Бања Лука и словенечката Изола. Турнирот треба да се игра во две групи по три екипи, а секоја екипа ќе одигра по три меча – два во група и еден за пласман.

Потоа „црвено-црните“ ќе се вратат во Скопје, па од 26 август до 1 септември ги чека и настапот на Супер Глоуб во Саудиска Арабија.

По неофицијалното светско клупско првенство, веројатно ќе биде одигран и Суперкуп дуелот со Металург, пред стартот на СЕХА лигата и Лигата на шампионите.