Душебаев – Кил(ер): Како некогашниот вардарец ја замолкна „Шпаркасе Арена“ (ВИДЕО)

Тимовите на Кил и Келце го оправдаа фактот што беа дел од натпреварот на колото во Лигата на шампионите. Иако домашните водеа со 30-28 на минута до крајот на мечот, сепак полскиот првак Келце си оди дома со бод.

Откако Јуркевич даде гол за 28-28, неговите соиграчи згрешија два пати по ред и Билик стапи на сцена со погодок за 30-28 на минута до крајот. Кулеш набрзина погоди за 30-29 и останаа уште дваесетина секунди. Зарабец избрза со шут, Вулф одбрани и останаа уште четири секунди за Келце.

Талант викна тајм-аут, а Алекс го искористи невниманието на одбраната на Кил и погоди буквално во последната секунда за големи реми, 30-30. Погледнете како некогашниот вардарец ја замолкна „Шпаркасе Арена“…