Дуото Серафимов-Костески неприкосновено ги предводи стрелците на Мундијалот

Капитенот на кадетската репрезентација на Македонија, Мартин Серафимов и десното крило Ненад Костески продолжуваат со ефикасната игра и после четири одиграни кола тие се неприкосновени на врвот на листата на стрелците. Ги дели само еден погодок, кој за разлика од 3. коло сега е предност за Серафимов.

Со вкупно 33 погодоци Серафимов е прв стрелец на Мундијалот после четири натпревари, додека Костески е веднаш до него со 32 со што двајцата имаат постигнато 59 проценти од вкупниот број на головите на Македонија во досегашниот дел од Светското првенство.

Најблизу до Серафимов и Костески е Нигериецот Фарук Јусуф кој со 31 гол е на 3. позиција. Следуваат Мохамед Мохамед од Бахреин и Бенце Хорњак од Унгарија со по 28 погодоци.