Драма во финишот: Последната минута од двобојот меѓу Македонија и Исланд (ВИДЕО)

Македонија и Исланд одиграа нерешено, 24:24 на вториот дуел со што нашата селекција го има во своја корист двобојот со Исланѓаните. Има подобар меѓусебен дуел и доколку работите до крај одат позитивно тогаш пласманот на ЕП не би требало да биде никаков проблем. Победата беше испуштена, но и ремито е позитивно после еден тежок дуел со Исланд.

Последните 60 секунди, сепак, беа со драма. Борко Ристовски успеа да одбрани, а во нападот имаше избрзан шут. Лазаров имаше позиција, но неговиот шут заврши со одбрана на Халгримсон. Тоа се случи на 35 секунди до крајот, а Исланд ја чуваше топката до три секунди до крајот кога Јонсон погоди за 24:24. Брестовац побара тајм-аут, но од него немаше ефект. Иако после акцијата Манасков погоди, времето беше истечено, па на крајот двете екипи мораа да се задоволат со реми од 24:24.

Погледнете ја последната минута од двобојот меѓу Македонија и Исланд…