Дос Сантос: Ќе се справиме со Вардар и ќе играме финале

Ракометарите на Вардар ги очекува настапот на завршниот турнир во Лигата на шампионите и полуфиналниот двобој против Барселона. Дефанзивецот на каталонскиот гигант, Тиагуш Дос Сантос вели дека одбраната ќе биде клучна.

„Вардар е микс на интелигентни и физички многу добро подготвени ракометари што го прави опасен тим. Мора да имаме цврста одбрана за да си овозможиме лесни голови преку контра напади. Со добра одбрана и со помош на голманот ќе успееме да се справиме со Вардар и ќе играме финале“, вели бразилскиот репрезентативец.

Натпреварот меѓу Вардар и Барса се игра на 1 јуни во 18:00 часот.