Домаќинот Ал Веда ги шокираше Бразилците од Таубате во првото четврт-финале на Супер Глоуб

Домаќинот на Супер Глоуб турнирот, Саудиска Арабија ќе има барем еден полуфиналист на натпреварувањето, а ова стана јасно откако денеска тимот на Ал Веда славеше со 30:26 против Таубате од Бразил во првиот четврт-финален дуел.

Екипата на Ал Веда успеа да покаже повеќе на овој натпревар уште во првото полувреме кога дојде до 17:13. Оттука во второто полувреме му беше дозволено на противникот само да се доближи на два гола, па до крајот на средбата се одржуваше предноста која беше и повеќе од доволна за победа и пласман во полуфиналето.

Утре тимот на Ал Веда ќе се соочи со подобриот од пресметката меѓу Барселона и Ал Духаил.

На овој меч најефикасни во победничкиот тим беа Хасан и Ал Салем со по седум и Хамед со шест гола, додека кај поразените Соарез и Кандидо погодија по петпати.