Домагој Павловиќ: Се зборува за Вардар, но имам договор (ВИДЕО

Екипата на Загреб е вториот финалист на СЕХА завршниот турнир и в недела од 20:15 часот ќе ги одмери силите со Вардар во битката за трофејот. Јасно е дека Вардар ќе влезе како фаворит на тој натпревар и дека ќе има предност и од играњето пред своја публика.

Сепак, Загреб веќе има покажано дека знае како да освојува трофеи во Скопје. Тоа беше еден поинаков меч, кој тешко дека ќе се повтори в недела.

За ова се свесни и ракометарите, а особено после тешкиот дуел со Целје каде што одлучуваше еден удар, а голот за победа го донесе Домагој Павловиќ, ракометарот за кого веѓе се зборува дека може да биде едно од новите имиња на Вардар.

„Се зборува за тоа. Разговараме, гледаме, но не би сакал ништо да зборувам за тоа. Јас имам договор на уште една година со Загреб, па дури потоа ќе можеме да зборуваме за нешто конкретно“, коментираше Домагој Павловиќ после средбата против Целје.

Што изјави друго Павловиќ после средбата со Целје можете да проследите во видеото во продолжение.