Дисингер подели мајсторски потег во Ниш (ВИДЕО)

Последното засилување за Вардар во оваа сезона, Кристијан Дисингер покажа зошто неговото место е во составот на „црвено-црните“ и зошто е големо засилување за тимот кој во моментов е лидер во СЕХА-лигата, но е и второпласиран во групата А во Лигата на шампионите.

Дисингер имаше одличен почеток на средбата во Ниш. Тој постигна два од првите четири гола, а вториот беше особено убав бидејќи беше акција која ја почна самиот од својот простор.

Тој пресече една топка и успеа да истрча до шестте метри на противникот. Притоа дојде до позиција за шут, но беше направен прекршок. Не се двоумеше околу тоа да изнудува прекршок или да бие, па дојде во ситуација да шутира од зад грб.

Како изгледаше акцијата погледнете во видеото во продолжение.