Дисингер за 24Ракомет ТВ: Имам понуди, но прво ќе разговарам со Вардар (ВИДЕО)

Германскиот интернационалец во Вардар, Кристијан Дисингер, заработи незгодна повреда на завршниот турнир во СЕХА лигата, но би можел да се врати на терените за настапот во Келн.

Левиот бек исто така потврди дека најпрво ќе разговара со Вардар за евентуално оставување во Македонија, доколку се средат работите, но и дека има понуди од други клубови.

„Секако дека најпрво ќе разговарам со Вардар, бидејќи имам договор. Веќе имам понуди од други клубови, но нема да брзам во следните неколку седмици“, вели Дисингер.

Целосната изјава погледнете ја во видео прилогот….