Димитар Димитриоски: Заморени сме, но сакаме да се израдуваме в недела

После добрата игра против Вардар и битка за бодови до последните моменти од средбата ракометарите на Металург се подготвуваат за нов натпревар во СЕХА-лигата, а тој ќе дојде на двобојот со составот на Мешков Брест.

Иако ракометарите се жалат на замор после згуснатиот распоред на натпревари, сепак, нема да има можност за многу одмор и ќе мора да се одработи добро и на следните предизвици.

„Ова е последен натпревар пред наша публика за оваа година. Се чувствува заморот поради згуснатиот распоред. Знаеме со какви играчи располага тимот на Мешков Брест. Почнуваме да се подготвуваме за нив и можеме да се израдуваме на победа“, изјави левото крило на Металург, Димитар Димитриоски.

Овој натпревар се игра во СЦ „Јане Сандански“. Ова е вторпат сезонава Металург да игра во оваа сала поради тоа што „Борис Трајковски“ е зафатена.