Дибиров за 24Ракомет ТВ: Силата и карактерот ќе го добијат финалето против Загреб (ВИДЕО)

Екипата на Вардар по седмипат денеска ќе игра во финалето на СЕХА, а тоа е можност за сите да го дадат својот максимум.

Еден од поискусните во тимот, Тимур Дибиров смета дека Вардар оди напред со формата и дека денеска треба да се покаже уште повисоко ниво на игра.

„Дојдовме за да победиме во Брест и да покажеме дека нашата форма е во нагорна линија. Тешко е да се игра со ист тим трипати во кратко време. Она што може да се смета како предност за нас секако дека може да се смета и за Загреб бидејќи и таму сигурно се подготвувале за нас во минатите денови. Сепак, денеска на овој дуел во прв план ќе избијат силата и карактерот. Тие ќе го добијат финалето“, коментираше Дибиров пред камерата на 24 Ракомет ТВ.

Комплетната изјава можете да ја погледнете во видеото во продолжение.