Дибиров за 24Ракомет ТВ: Нема шанси да си заминам од Вардар (ВИДЕО)

Ракометарите на Вардар ги чека полуфиналниот двобој против домаќинот на завршниот турнир во регионалната СЕХА лига – Мешков Брест.

Македонскиот првак победувал и во Брест, но секогаш имал тешки натпревари со мотивираниот домаќин.

Иако се појавија информации дека левото крило на Вардар – Тимур Дибиров, би можело да се пресели токму во утрешниот ривал, сепак тие беа негирани.

„Јас сум играч на Вардар, сакам да играм за Вардар и не сакам да ги коментирам тие шпекулации. Ако има нешто такво ќе има од клубот официјална информација, но нема опција за мое заминување“, вели Дибиров.

Целосната изјава погледнете ја во видео прилогот…