Десподовска останува во Полска, но ќе има нов клуб

Македонската интернационалка Зорица Десподовска по три години настап за составот на Пјотрковија, ќе ја менува средината.

Некогашната ракометарка на Еуростандард Ѓорче Петров и Металург, германските Кобленц и Розенгартен, шведскиот Луги, турскиот Муратпаша, ќе остане во полскиот шампионат.

Таа ќе биде дел од екипата на Кобиержице, која оваа сезона игра во плеј-офот и во следна сезона најверојатно ќе игра во Челинџ Купот.