Деспина финишираше за бод пред Гевгелија во плеј-аут лигата

Со натпреварите кои вчера беа одиграни во Скопје и во Свети Николе финишираше сезоната во Женската лига така што беше спуштена завесата и во плеј-аут групата.

Пред одигрувањето на средбите беше познато дека тимот на Деспина ќе се најде на врвот на табелата, а Гевгелија во последниот меч успеа да се избори за пласман на 2. место.

Во последното коло и тимот на Овче Поле Су дојде до првиот триумф, па на крајот сите екипи имаат бодови.

Комплетната табела во плеј-аут групата од Женската лига можете да ја погледнете во продолжение.