Деспина го завери првото место во плеј-аут лигата

Во натпревар за врвот во плеј-аут групата од Женската лига составот на Деспина дојде до победа од 26:24 против Спартак со што се најде на првото место. Тимот од Прилеп беше подобар од Спартак откако уште во првиот дел направи предност која немаше проблеми да ја одржи до крајот.

Деспина имаше 15:10 после 30 минути игра и оваа позитива се покажа како клучна за продолжението. Петте гола беа недостижни за тимот на Спартак, па во вториот дел од средбата само беше намалена за помал пораз.

Инаку, оваа победа и го донесе првото место на Деспина во плеј-аут групата, додека Спартак падна на 2. позиција, која виси бидејќи Гевгелија е веднаш на 3. место со бод помалку и натпревар помалку.

ДЕСПИНА – СПАРТАК   26:24 (15:10)

Сала: Р. Р. Ричко во Прилеп. Гледачи: 200. Судии: Марија Илиева и Силвана Карбеска од Скопје. Делегат: Камер Металари од Скопје.

ДЕСПИНА: Димитриеска, Боризоска, Гулеска, Е. Рипилоска 3, Камческа 2, Крстевска 3, Цветкоска 4, Ристевска, Димитрова 3, Јовеска, Богеска, Богојеска, Камческа 7, Филипоска 3, Седлоска, Л. Рипилоска 1.

Седмерци: 1/2, Исклучувања:

СПАРТАК: Самарџиска, М. Николовска 10, А. Николовска 2, Младеновска 1, Стефановска 10, Божиновска 1, Мартиновска.

Седмерци: 2/3, Исклучувања: 2 мин.