ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Сите погледи кон Ескишехир, се чека победа на Македонија

На терените низ Европа денеска се играат натпреварите од 5. коло од квалификациите за Европското првенство во 2020 година. Македонија денеска гостува во Турција каде што ќе се обиде со уште една победа да се доближи до освојување на првото место.

На Турција и требаат бодови за да дојде до силно 3. место, но Македонија не смее да си дозволи денеска да загуби ако сака да влезе во ждрепката од 2. шешир и да се најде меѓу селекциите кои ќе добијат послаборангирани противници.

Ова ќе биде интересен дуел, а има и други мечеви кои сигурно ќе го привлечат вниманието. Во продолжение секако ќе ги видите и термините во кои тие почнуваат.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ

10:00ч

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА – КИНА (ИХФ-шампионат на новите нации)

12:00ч

КОЛУМБИЈА – ИНДИЈА (ИХФ-шампионат на новите нации)

14:00ч

ИРСКА – БУГАРИЈА (ИХФ-шампионат на новите нации)

16:00ч

ГРУЗИЈА – САД (ИХФ-шампионат на новите нации)

17:05ч

ФИНСКА – ЧЕШКА (Квалификации за ЕП 2020)

18:00ч

СЛОВАЧКА – УНГАРИЈА (Квалификации за ЕП 2020)

ТУРЦИЈА – МАКЕДОНИЈА (Квалификации за ЕП 2020)

УКРАИНА – ДАНСКА (Квалификации за ЕП 2020)

МАЛТА – НИГЕРИЈА (ИХФ-шампионат на новите нации)

18:15ч

ШВАЈЦАРИЈА – ХРВАТСКА (Квалификации за ЕП 2020)

18:40ч

ЛЕТОНИЈА – СЛОВЕНИЈА (Квалификации за ЕП 2020)

18:45ч

ИЗРАЕЛ – ГЕРМАНИЈА (Квалификации за ЕП 2020)

19:00ч

ГРЦИЈА – ИСЛАНД (Квалификации за ЕП 2020)

20:00ч

БЕЛГИЈА – СРБИЈА (Квалификации за ЕП 2020)

БИХ – БЕЛОРУСИЈА (Квалификации за ЕП 2020)

КОСОВО – ПОЛСКА (Квалификации за ЕП 2020)

21:00ч

ШПАНИЈА – ШВЕДСКА (Еуро Куп 2020)