ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Мирен ден на СП, но има две интересни средби во Струга

На Светското првенство за кадети денеска е последниот слободен ден пред финалните пресметки утре и задутре во СЦ „Борис Трајковски“. Иако нема натпревари во Скопје, ќе има два дуели во Струга каде што се игра третиот ден од разигрувањето на Струшкиот турнир.

За денеска е предвидено одигрување на натпревари меѓу Бутел Скопје и Ескилстуна Гуиф, како и Еурофарм Работник и Струга. После овие средби ќе биде познато кој против кого ќе разигрува за пласман.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ

18:30ч

БУТЕЛ СКОПЈЕ – ЕСКИЛСТУНА ГУИФ (Струшки турнир)

20:45ч

АРГАУ – ЦУГ 2 (Куп на Швајцарија, жени)

21:30ч

ЕУРОФАРМ РАБОТНИК – СТРУГА (Струшки турнир)