ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Лани играше на турнирот во Струга, денеска се бори за титула во Шведска

Откако составот на Кристијанштад загуби убедливо во полуфиналето од плеј-офот во Шведска и со тоа ја загуби можноста да ја одбрани титулата веќе се бара новиот првак, а финалето е на чекор од завршница.

Составот којшто го елиминираше Кристијанштад е во предност после три средби од 2:1. Денеска Алингсас ќе се обиде да дојде до третиот триумф за титулата, но Савехоф ќе се обиде пред своја публика да израмни. Ова е четврти дуел во кој тимот кој лани играше на Струшкиот турнир ќе се обиде да дојде до титулата во Шведска.

Инаку, овој меч е единствениот кој се игра денеска низ Европа.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ

19:10ч

САВЕХОФ – АЛИНГСАС (Шведска 1, плеј-оф)