ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Бутел Скопје решава сам за Европа против Металург

Дебитантот во плеј-офот во Супер лигата, Бутел Скопје денеска ќе има тешка средба против составот на Металург и ова ќе биде дуел на кој ќе се води битка за пласман во европските купови.

Според она што е веќе познато на тимот на Бутел Скопје му треба победа за да може да се надева на пласман на 4. позиција и ова ќе биде тешка средба за остварување на тој план. Домашниот терен секако ќе биде предност, но ракометарите мора да одработат добро доколку сакаат да успеат во намерата.

Ова е дербито на денот, а интересен меч ќе има и за Филип Талески со Рајн Некар кој гостува кај Фуксе Берлин.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ

10:30ч

ПЛЗЕН – КАРВИНА (Чешка Екстра лига, плеј-оф)

12:30ч

ХАЛЕ НОЈШТАТ – МЕЦИНГЕН (Куп на Германија, 3. место, жени)

13:30ч

ФУКСЕ БЕРЛИН – РАЈН НЕКАР (Германија Бундес лига)

14:00ч

СКЈЕРН – ГОГ (Данска 1, плеј-оф)

15:00ч

БИТИГХАЈМ – ТУРИНГЕР (Куп на Германија, финале, жени)

16:00ч

КИЛ – МИНДЕН (Германија Бундес лига)

ЛУДВИГСХАФЕН – БЕРГИШЕР (Германија Бундес лига)

БЈЕРИНГБРО – АЛБОРГ (Данска 1, плеј-оф)

18:00ч

ПОРЕЧ – ВИНКОВЦИ (Хрватска Премиер лига, плеј-оф)

ПИК СЕГЕД – ВЕСПРЕМ (Унгарија 1, плеј-оф)

ГРОСВАЛШТАТ – ЕЛБФЛОРЕНЦ (Германија Бундес лига 2)

19:00ч

НЕКСЕ – ДУБРАВА (Хрватска Премиер лига, плеј-оф)

19:30ч

БУТЕЛ СКОПЈЕ – МЕТАЛУРГ (Македонија Супер лига, плеј-оф)

МАРИБОР – КОПЕР (Словенија 1, плеј-оф)