Делириум во Охрид: Лихнида кајче веслаше на трибините во „Билјанини извори“ (ВИДЕО)

Натпреварот од 9. коло од Супер машката лига меѓу Охрид и Пелистер финишираше со победа на домашните од 25:22, а овој триумф ракометарите на Охрид го славеа долго со своите навивачи.

На трибините во СРЦ „Билјанини извори“ беше вистински делириум. Навивачите ја прославија победата и со песна, па „Лихнида кајче веслаше…“ се пееше во чест на хероите.

Охриѓани денеска знаеја како да го прослават големиот триумф со кој остануваат високо во битката за плеј-оф.