Деби на Миркуловски како капитен со триумф

Екипата на Вецлар влезе во новата сезона со нов капитен, а веќе на стартот тоа донесе позитивен резултат бидејќи беше совладан составот на Битигхајм со 24:21.

Во 1. коло од Бундес-лигата ова беше одличен старт за екипата каде Филип Миркуловски ќе ја има улогата на капитен и предводник. Тој беше и еден од подобрите играчи на теренот во победата нд Битигхајм.

Миркуловски имаше реализација од 50 проценти, а реализираше два удари. Сепак, и со нив беше на задоволнително ниво и покажа дека годинава ќе биде капитен кој ќе ги води своите колеги во уште одлични резултати.