Дебитантот Спартак триумфално во Гевгелија

Новиот член на Женската лига, Спартак тргна во новата сезона со успех и успеа да се избори за победа на гостувањето во Гевгелија и тоа во самиот финиш од натпреварот.

Со голот на Велкова, Спартак дојде до победата од 30:29 и на тој начин ја почна сезоната со три значајни бодови. Средбата имаше неочекуван тек односно во најголемиот дел од дуелот беше неизвесно. Имаше надигрување, но гостинките беа тие кои знаеја како во финишот да издржат и да дојдат до победата.

Гевгелија која влезе добро во мечот и во голем дел имаше резултат кој најавуваше бодови на крајот попушти, па остана без планирани поени и мораше да ги даде бодовите на противникот кој си замина за Скопје со три поени.

ГЕВГЕЛИЈА – СПАРТАК 29:30 (12:10)

Сала: 26 Април во Гевгелија. Гледачи: 100. Судии: Александар Вукашиновски и Мирко Трајковски од Скопје. Делегат: Камер Металари од Скопје.

ГЕВГЕЛИЈА: Каранфиловска, Анчева 5, Мандалова 1, Љупова, Попова 1, Карајанова, Митревска 2, Чурлинова, Димова 1, Џалева, Шутева 8, Горковска, Стојанова, Танева, Митрова 11.

Седмерци: 3/6, Исклучувања: 4 мин.

СПАРТАК: Јовановска, Атанасова, Андонова, Николовска 10, Делевавска, Велкова 6, Младеновака 1, Стефановска 2, Величковска, Трајковска, Србиновска 3, Иванова 6, Арсовска, Цветановска 2.

Седмерци: 4/4, Исклучувања: 10 мин.