Две репрезентативки ја отворија новата сезона

Паузата меѓу две сезони од вчера е веќе минато за две репрезентативки на Македонија кои се вратија на тренинзите и почнаа со подготовки за новата сезона.

Елена Георгиевска во новата сезона ќе биде дел од тимот на Крајова со кој оди по одлични резултати и во Лигата на шампионите и во првенството на Романија. Таа одлично знае како е да се игра во првенството на Романија, па сега само се враќа на старото место.

Голманката Матеја Серафимова, пак, исто така почна со новиот клуб Славија Прага. Таа ќе се подготвува за добри резултати во првенството во Чешка, но ќе се обиде со колешките и во Купот на ЕХФ.