Две години по ред на тронот: На една ракометарка и успеа да ја одбрани титулата

Сезоната на клупски план полека привршува насекаде низ Европа, а со тоа веќе се добиваат новите шампиони. Веќе е познато дека во Македонија нов првак во женска конкуренција е тимот на Металург, кој успеа да се врати на тронот и да дојде до својата 4. круна.

После шест години владеење на тимот на Вардар, сега Металург го презема врвот и е новиот шампион.

Иако титулата се пресели во Автокоманда, една ракометарка успеа да ја одбрани со оглед на тоа што минатиот шампионат го мина во редовите на Вардар. Се работи за Леонида Гичевска, која сезонава ги бранеше боите на Металург, а во клучниот натпревар против Стружанка имаше одлична партија.

Таа е единствената која беше шампион на Македонија во последните две сезони. Лани на тронот се искачи со Вардар, а годинава со Металург.