Да се научи за другпат: Лазаров му делеше лекции на бахреинскиот голман! (ВИДЕО)

Машката македонска репрезентација го игра натпреварот од второто коло на Мундијалот во Германија и Данска.

По воведниот триумф над Јапонија, момците на Раул Гонзалес излегоа на мегдан против вториот азиски претставник, Бахреин.

По водството на полувреме со 12-8, нашите репрезентативци продолжија со уште подобра игра во второто полувреме.

Капитенот Лазаров, исто како и во првиот дел, така и во вториот, постигна втор гол од контранапад на нему својствен начин.

Веројатно за третиот пат, бахреинскиот голман ќе се научи. Погледнете….