Да се знае кои се шампиони: Дибиров и Кристопанс во ол-стар тимот на новата сезона

Иако главните натпревари од Лигата на шампионите треба да се одиграат во текот на викендот, сепак, веќе е познат ол-стар тимот на новата сезона. Двајца ракометари на Вардар се најдоа во составот кој би требало да ја одбележи сезоната 2019/2020.

Тимур Дибиров и Даинис Кристопанс добија најмногу гласови од тренерите на позициите лево крило и десен бек така што успеаја да дојдат до место во првата седумка.

Во гласањето учествуваа 23 тренери од клубовите кои годинава ќе играат во Лигата на шампионите и дефинитивно тие веруваат во вардарци и во оваа сезона. Тие бираа по еден играч на секоја позиција, но гласаа и за свој колега.

После сумирањето на гласовите по двајца играчи имаше од Вардар и од Барселона. По еден се од Кил, Келце и ПСЖ, а тренер на овој ол-стар тим е Талант Душебаев.

ОЛ-СТАР ТИМ ВО ЛИГА НА ШАМПИОНИ

СЕЗОНАТА 2019/2020

ГОЛМАН: Никлас Ландин (Кил)

ЛЕВО КРИЛО: Тимур Дибиров (Вардар)

ЛЕВ БЕК: Микел Хансен (ПСЖ)

СРЕДЕН БЕК: Лука Циндриќ (Барселона)

ДЕСЕН БЕК: Даинис Кристопанс (Вардар)

ДЕСНО КРИЛО: Блаж Јанц (Келце)

ПИВОТ: Лудовик Фабрегас (Барселона)

ТРЕНЕР: Талант Душебаев (Келце)