Данска и Франција го отвораат вториот круг на ЕП

Со натпреварот меѓу Данска и Франција кој денеска ќе биде одигран од 18 часот стартуа вториот круг на Европското првенство на кое триколорките се домаќини и ова ќе биде одличен дуел на кој ќе се види сигурно одличен ракомет.

Французинките после лошиот старт ќе бараат начин како да дојдат до трета победа во низа, а тоа сигурно дека ќе биде можно бидејќи Данска покажа променлива форма. Доколку Лејно продолжи да брани како против селекциите на Словенија и на Црна Гора тогаш Франција има одлични шанси да продолжи со победите, а на тој начин и со конкурирањето за полуфинале.

Денеска на програмата се дуели од Групата 1 во која се најдоа тимовите кои играа во Групите А и Б, а вториот меч кој е на програмата е меѓи Шведска и Црна Гора. Поранешните вардарки, Јованка Радичевиќ, Андреа Кликовац и Итана Грбиќ се пред нов предизвик, а време е да дојдат до втората победа на овој турнир.

ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО (ВТОРА ФАЗА)

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

ГРУПА 1

ЧЕТВРТОК, 06.12.2018

18:00ч

ДАНСКА – ФРАНЦИЈА

21:00ч

ШВЕДСКА – ЦРНА ГОРА

САБОТА, 08.12.2018

15:00ч

ШВЕДСКА – ФРАНЦИЈА

18:00ч

СРБИЈА – РУСИЈА

ПОНЕДЕЛНИК, 10.12.2018

18:00ч

ДАНСКА – РУСИЈА

21:00ч

СРБИЈА – ЦРНА ГОРА

СРЕДА, 12.12.2018

15:45ч

ДАНСКА – ЦРНА ГОРА

18:00ч

ШВЕДСКА – РУСИЈА

21:00ч

СРБИЈА – ФРАНЦИЈА

ТАБЕЛА: 1. Русија 4 бода (50:46); 2, Србија 2 (51:47); 3. Франција 2 (48:46); 4. Шведска 2 (51:51); 5. Данска 2 (55:59); 6. Црна Гора 0 (43:49).

ГРУПА 2

ПЕТОК, 07.12.2018

18:00ч

ШПАНИЈА – ГЕРМАНИЈА

21:00ч

УНГАРИЈА – НОРВЕШКА

НЕДЕЛА, 09.12.2018

15:00ч

УНГАРИЈА – ГЕРМАНИЈА

18:00ч

ХОЛАНДИЈА – РОМАНИЈА

ВТОРНИК, 11.12.2018

18:00ч

ШПАНИЈА – РОМАНИЈА

21:00ч

ХОЛАНДИЈА – НОРВЕШКА

СРЕДА, 12.12.2018

15:45ч

ШПАНИЈА – НОРВЕШКА

18:00ч

УНГАРИЈА – РОМАНИЈА

21:00ч

ХОЛАНДИЈА – ГЕРМАНИЈА

ТАБЕЛА: 1. Романија 4 бода (60:47); 2. Холандија 4 (56:52); 3. Унгарија 2 (57:54), 4. Германија 2 (57:61); 5. Шпанија 0 (53:60); 6. Норвешка 0 (55:64).