Дамчевска: Победивме против Куманово, но титулата се уште не ја обезбедивме

Металург во рамките на плеј-офот од Женската лига успеа да го совлада директниот конкурент за титулата Куманово со 20-17 и се одвои на пет поени на врвот на табелата. По завршuвањето на средбата, свој коментар даде тренерот на тимот од Автокоманда, Јулијана Дамчевска, која е презадоволна од играта на своите избранички.

„Можам да бидам горда на моите девојки кои ги испочитуваа она што го работевме и практично овој натпревар е натпревар кој што се надевам го реши шампионот. Но, има уште многу да се игра, а ова нека биде само показател дека чекориме напред“, изјави стратегот на Металург.

Едно вистинско дерби гледаа навивачите во салата „Автокоманда“. Се играше тесно, а Металург во почетните десетина минути од првото полувреме направи одвојување и го однесе дуелот кон триумф.

„Во 40 минута имавме серија од три голови и се одвоивме. Ова беше клучниот момент за нашата победа“, заврши Дамчевска.

До крајот овие два тима ќе се сретнат уште еднаш и тоа во Куманово. Со оглед на тоа што на Металург му нема рамен во Женската лига многу е веројатно дека со оваа победа прашањето за шампионот е речиси одговорено.