Дамите ја завршија сезоната, ги поделија местата за Европа

Со одигрувањето на средбите од 10. коло сезоната во плеј-офот од Женската лига финишираше со титула на тимот на Металург, кој после седум години одново е шампион на Македонија.

Металург успеа да го добие последниот меч и на тој начин да остане на врвот на табелата со што го реши овој шампионат во своја корист.

Според ситуацијата на табелата, Металург си обезбеди место и можност да се пријави во квалификациите за Лигата на шампионите. Куманово како освојувач на Купот на Македонија ќе има шанса да игра во Купот на ЕХФ, додека Вардар и Пелистер се стекнаа со право за настап во Челенџ купот.

Комплетната табела од оваа сезона можете да ја видите во продолжение.