Дали Вардар ќе игра догодина во ЛШ – ќе дознаеме најдоцна до 12 јуни!

Следната сезона во Лигата на шампионите ќе биде последна што ќе се игра по истиот систем, 28 екипи распоредени во четири групи, од кои две по осум и две по шест. Според пласманот во Суперлигата, претставник во ЛШ догодина треба да биде Вардар, а второпласираниот Еурофарм Работник може да побара вајлд карта.

Сепак неизвесноста околу финансирањето на македонскиот првак се уште трае, а деновите минуваат. Рокот за апликациите во најелитната европска конкуренција треба да бидат доставени во ЕХФ преку националните федерации најдоцна до 12 јуни, па нема многу време за раководните структури на „црвено-црниот“ тим за размислување.

Две седмици подоцна, најдоцна до 25 јуни, ЕХФ ќе ги потврди сите екипи што ќе играат во Лигата на шампионите, а два дена потоа, на 27 ќе биде одржана и ждрепката.

Од сезоната 2020/2021 ќе има измени во натпреварувањето, и во елитното натпреварување ќе играат само 16 екипи.