Давид Писонеро: Горд што ќе бидам тренер на Вардар!

Кормилото на новиот европски шампион во следните две години ќе го управува Шпанецот Давид Хосе Писонеро (46). Тој ќе је преземе екипата на „црвено-црните” летово и ќе ги води вардарци во одбрана на европската титула.

„Верувам дека клубот бараше некои карактеристики за наследник на Парондо во кои и јас се гледам себе си, и стил на игра што јас го негувам. Јас сакам да работам секојдневно и да размислувам така, и не гледам далеку пред себе. Горд сум што ќе бидам тренер на Вардар и што ќе бидам дел од Лигата на шампионите“, изјави за офцијалниот сајт на Вардар новиот тренер Давид Хосе Писонеро.

Вардарци новата сезона треба да ја започнат кон крајот на јули, а во неа ќе влезат како актеулни освојувачи на Лигата на шампионите, македонското првенство и Суперкупот на Македонија. По Раул Гонзалез и Роберто Гарсија Парондо, Писонеро ќе биде третиот шпански стратег кој ќе го предводи машкиот колектив на Вардар.