Густавсон нема да брани за Исланд во Скопје, па си најде друга занимација (ФОТО)

Селекторот на Исланд го смени голманскиот пар по слабото издание во првиот дуел против Македонија. На дуелот во Скопје нема да биде Бјоргвин Пал Густавсон, на кој очигледно не му падна многу тешко што не е во составот. Тој на социјалните мрежи го одбра дрим-тимот од негова преспектива во која индиректно се смести и себе си, веројатно за да му докаже на селекторот дека згреши со одлуката.

Во изборот имаше една главна карактеристика која мора да ја имаат ракометарите за да бидат во конкуренција, а тоа е долгата коса.

Според Густавсон дрим-тимот со сочинуваат, на левата крилна позиција германецот Стефан Кречмар, кој во минатото многу експериментираше со фризурите, а еден период имаше долга коса. На лев бек се најде Микел Хансен кој е препознатлив по неговата коса. Еден од најдобрите играчи во историјата на ракометот – Хрватот Ивано Балиќ го зазема местото на централен бек. Штафан Олсон се најде на позицијата десен бек, а на десно крило уште еден Хрват и член на Вардар, Иван Чупиќ. За Бертран Жил и Џексон Ричардсон се резервирани местата на пикерската позиција и во одбраната.

Дали голманот на Исланд, Густавсон, кој најчесто имал добри партии против Македонија, спаѓа во друштво на овие ракометни величини проценете сами.