Грци ќе му судат на Куманово, Чеси на Металург

Двете екипи од Македонија кои ќе стартуваат со натпреварите во Купот на ЕХФ уште во првото коло ги добија официјалните лица за 1. коло. Според делегирањата на теренот на двете средби во Куманово ќе се најдат судии од Грција, додека на тимот на Металург кој двата меча ќе ги игра во Полска ќе му судат Чеси.

Кумановки се домаќини на тимот на Спарта Прага на 14 и 15 септември. И двете средби ќе почнат во ист термин од 18:30 часот. На овие натпревари на теренот ќе се најдат судиите од Грција Василис Чаритос и Панајотис Наскос. Делегат е Борис Вукашиновиќ од Србија.

Металург, пак, ќе гостува кај Заглебие Лубин на 7 и 8 септември. Првиот натпревар ќе почне од 18, а вториот од 17 часот. Судии се Лукаш Фризер и Михаел Харамул од Чешка, додека делегат е Сирхеј Кот од Белорусија.