Грција имаше два разлика на пола минута до крај, сепак Исланд се радуваше (ВИДЕО)

Во квалификациската група 3 во која се натпреварува Македонија, својот натпревар од 5. коло го одиграа репрезентациите на Грција и Исланд. Гостите на овој дуел беа апсолутен фаворит но домашната репрезентација уште еднаш се покажа како незгоден противник на свој терен. По победата на Македонија тие го изнанеадија и Исланд на кој му откинаа бод, 28:28.

Исланд добро го започна натрпеварот и имаше предност во текот на првото полувреме. Највисоката предоснт до која стигнаа беше четири гола, 6:10 но сепак по 30 минути игра Исланд имаше водство 12:15 и се очекуваше во второт полувреме само да ја потврди победата.

Така не мислеа и ракометарите на Грција кои имаа одлично второ полувреме, многу брзо сигнаа до израмнување 17:17. Потоа гостите го вратија водството и со серија од 3:0 направија добра залиха за продолжението. Грција не се предаваше лесно и повторно успеа да стигне до нерешено па и да поведе 22:21.

Во неизвесна завршница во која Грците влегоа со два гола предност, но не издржаа до крај да направат уште една сензација. Исланѓаните со два гола во самиот финиш стигнаа до нерешено и извлекоа бод од жешкиот терен во Кожани.