Грегор Оцвирк: Пресреќен сум што ќе играм за тим како што е Вардар

Од вчера екипата на Вардар и официјално ја почна соработката со Грегор Оцвирк од Словенија кој ќе биде дел од „црвено-црните“ во следните три години. Тој е задоволен што пристигна во Скопје и што ќе има можност да игра во екипата која е дел од Лигата на шампионите.

Во својата изјава дели дека е пресреќен што ќе биде дел од вардарци, но не заборави да се заблагодари за направеното од клубот за него.

„Среќен сум што мојата кариера ќе ја продолжам во редовите на поранешните освојувачи на Лигата на шампионите и затоа му се заблагодарувам на луѓето од раководството на Целје што ми дозволија да си заминам, После Европското првенство и титулата на овој шампионат сакав мојата кариера да ја продолжам во странство. Клубот не ми направи проблеми. Како што ми рекоа на почетокот на преговорите така и се случи. Ми дозволија да заминам и затоа сум им благодарен. Им се заблагодарувам за сКлубот не ми направи проблеми. Како што ми рекоа на почетокот на преговорите така и се случи. Ми дозволија да заминам и затоа сум им благодарен. Им се заблагодарувам за сè што направија за мене и што ми дадоа шанса за да се докажам“, изјави Оцвирк за сајтот на Целје после потпишувањето на договорот со Вардар.

Тој треба да биде засилување за бековската линија. Настапува како центар, но лесно се снаоѓа и на позицијата лев бек.