Горбок за 24 Ракомет ТВ: Нема лимит за овој Вардар, сите играме со срце и со душа (ВИДЕО)

Еден од играчите на Вардар кои имаат играно за Пик Сегед, Сергеј Горбок одлично знаеше каква атмосфера ќе го дочека Вардар на реваншот. Тој последните две сезони ги мина во редовите на овој тим, откако претходно настапуваше за вардарци. Сега одново со „црвено-црните“ и дочека можност да игра на Ф4.

„Знаевме дека ќе биде тешко и дека ќе има жешка атмосфера. Бевме свесни за она што не очекува. Сепак, покажавме карактер и се боревме до последна секунда. Овој тим покажа дека нема лимит. Ние играме со срце и со душа, а и нашиот тренер ни дава голема самодоверба. Со срце и со карактер може сè да се направи“, изјави за 24 Ракомет ТВ, Сергеј Горбок.

Комплетната изјава можете да ја погледнете во видеото во продолжение.