Големо признание за Македонецот: Марјан Колев номиниран за најдобар тренер во Франција!

Поранешниот македонски репрезентативец и ракометар на Тиквеш, Вардар и уште неколку француски клубови, а сегашен тренер на женскиот клуб Ница – Марјан Колев, доби големо признание за неговата работа.

Тој е номиниран за најдобар тренер во женскиот француски шампионат, во изборот на раководството на лигата и реномираниот ракометен портал „Ракометни Вести“. Негова конкуренција се тренерите на Мец, Емануел Мајонад и на Нант, Алан Хајн.

Колев со Ница направи големо изненадување и во полуфиналето од плеј-офот го елиминира фаворизираниот тим на Брест, па во големото финале ќе се соочи со шампионот Мец.

За Колев можете да гласате на следниот ЛИНК до 8 јуни.