Гоелмо засилување за Белорусите, Акамбре се сели во Мешков

Шампионот на Белорусија, Мешков Брест продолжува сериозно да се засилува во пресрет на следната сезона, а најнов играч кој доаѓа во тимот е Вилијам Акамбре.

Официјалниот сајт на клубот го објави потпишувањето на договорот кој е со важност од една сезона. Играчот ќе премине во Белорусија од јули годинава, а левиот бек се очекува да биде големо засилување за Мешков за настапите во СЕХА-лигата и Лигата на шампионите.

Акамбре беше играч на Веспрем, но сезонава ја помина во Целје каде што не се наигра поради повреди. Претходно има настапувано во Монпелје од 2005 до 2014 година. Потоа три години помина во ПСЖ од каде што се пресели во Унгарија.

Акамбре го изгуби и местото во репрезентацијата на Франција, иако претходно беше еден од главните столбови на одбраната. Тој не настапи на Светското првенство во Германија и Данска, а претходно со Франција освои олимписко злато во Лондон и три титули светски шампион.