Глигоров револтиран: Ракометарите како да беа дојдени на екскурзија, со ваков однос некои не треба да играат!

Македонија славеше тешка победа над Турција со 25:26 во натпреварот од петтото коло во квалификациите за Европското првенство. Репрезентативците не беа на препознатливото ниво, а тренерот Владимир Глигоров, на гостувањето на ТВ Телма, го искажа незадоволството од настапот.

“Репрезентативците дојдоа како на екскурзија, неподготвени и со недоволен респект кон државниот дрес. Со ваков пристап и ваков однос, некои од нив и не заслужуваат да бидат таму. Треба многу работа и има многу простор за дискусија. Со ваков однос што ќе биде на ЕП, што може да очекуваме? Ќе чекаме на ЕП да се докажат? Ваков пристап не е дозволив. Митревски не спаси од дебакл, a забележав нервоза и кај капитенот, особено во последните 15-тина минути од натпреварот. Ретко сум го видел така нервозен. Од мој тренерски аспект не сум задоволен, победа е победа, имаме пласман на ЕП, но во перспектива треба многу промени, да се замислиме и да засукаме ракави“, истакна Глигоров.

Македонија во последното коло ќе игра против Грција и со победа ќе го потврди пласманот на Европското првенство и првото место во групата.