Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот меѓу Македонија и Аргентина (ЛИНК)

Поразот од Португалија, ја однесе Македонија во битка за пласман, а направена е табела на поразените селекции од бодовите освоени во групната фаза против селекциите кои се најдоа во елиминациите.

Македонија е без бодови исто како и Словенија и Тунис, но има подобра гол разлика, па денеска ќе игра за 13. позиција.

Бројот на бодови ја постави на 6. позиција на табелата, а место погоре е Аргентина што значи дека јужноамериканскиот тим е ривалот за овие елиминации.

Натпреварот започнува од 16:15 часот, а можете да го гледате на линкот подолу….