Гигов и Анталијаспор напишаа историја – за првпат ќе играат во Европа

Тимот на Анталијаспор каде што настапува македонскиот голман Виктор Гигов, забележа многу важна победа во 22. коло од турскиот шампионат. Анталијаспор славеше дома над Адијаман со 29-28, а Гигов беше еден од творците на домашната историска победа за пласман во ЕХФ Купот.

Со овие два бода, Анталија се најде на втората позиција, која води во европските натпреварувања, а единствено може да биде престигната од Селакспор, но како и да е местото во Европа е обезбедено.

Иако Гигов е на залезот на долгата и успешна кариера, се уште пружа квалитетни партии во турскиот шампионат. Тој е поранешен голман на Борец Велес, Младост Богданци, Југ, исландскиот ИБВ Вестманејар, грчката Каламарија, хрватска Цриквеница, јужнокорејсиот тим Короса, како и турскиот Мерсин, Кајсери и Селка.