Германија со лекција за Шпанија, остана во игра за полуфинале

Германската репрезентација со победа го отвори вториот дел од Европското првенство во Франција, откако славеше над Шпанија со 23-29 и остана во игра за пласман во полуфиналето на континенталниот собир.

Неизвеснота траеше во првите петнаесетина минути, кога по 6-8, со головите на Заф и Болк, Германките се одлепија на 6-13. До крајот на полувремето, бундес ракометарките ја одржаа таа разлика и на пауза се замина со 9-17.

Во вториот дел Шпанија немаше сили за борба и за пресврт, па се што направија „лас герерас“ беше тоа што се доближија во два наврати на минус 4. Германија без особени проблеми рутински ја одработи задачата и прослави победа со 23-29.

Најдобри стрелци кај победникот беа Гешке, Болк и Шмелцер со по четири погодоци, додека кај Шпанија се истакна Мартин со седум голови.