Гевгелија го завери второто место во плеј-аут лигата

Екипата на Гевгелија се прошета низ Кисела Вода. Тие на гости успеаја да го совладаат Спартак Кисела Вода кој мака мачи со ростерот, па настапи само со седум ракометарки. Гостинките лесно победија (41:33), и сезоната ја завршија како првопласирани во плеј-аут зоната од Женската лига.

Двете екипи имаа слаб преформанс во одбраната. Долго беше нерешено, а до прва поголема предност дојдоа гостите. Истата успешно ја носеа во текот на првото полувреме и истото го добија со 22:18. Со ритамот од првиот дел се продолжи и во вториот.

На стартот на вториот дел Спартак за момент се врати во игра, но Марија Николовска доби црвен картон, па Гевгелија одлично го искористи тоа да се одлепи пак. Во продолжение главно преку прецизни контра напади стигна до убедлив триумф.

Домашните десетина минути играа без замена за исклучената ракометарка. Мартина Стефановска со 10 и Ива Божиновска со 8 беа главни реализатори кај Спартак Кисела Вода. Во победничкиот тим Марија Анчева даде 11, а Драгица Митрова придодаде 9.