Вчера не можеа да ги задржат солзите во „Јане Сандански“, денеска тагата ја лекуваа во Куманово

Откако вчера го елиминираа тимот на Митјиланд во четврт-финалето од Лигата на шампионите денеска ракометарките на Вардар веќе одиграа нов натпревар од домашното првенство. Гостуваа во Куманово каде што се изборија за победа од 48:24.

300x250

Вардарки одиграа уште еден убедлив меч на домашна сцена, а во ниту еден момент немаше никаков проблем за да се слави со разлика од над 20 погодоци на  овој дуел.

Куманово тргна со гол преку Мила Трајковиќ и тоа беше единствениот момент за водство на домашните. Веднаш следуваше серија од 8:0 и веќе немаше шанса да се следи, па до крајот од средбата само се зголемуваше разликата.

Вардарки настапија со ракометарки од Македонија засилени со две интернационалки од Русија и една од Србија. Другите имаа слободен ден после одлично сработената задача вчера против тимот од Данска.

КУМАНОВО – ВАРДАР 24:48 (10:23)

Сала: Х. Т. Карпош во Куманово. Гледачи: 100. Судии: Адриана Здравковска и Сања Божиновска од Скопје. Делегат: Лери Мирчески од Скопје.

КУМАНОВО: Дичковиќ, Стојчевска, Радевска, Трајковиќ 4, Ивановска 7, Пеовска 5, Петковска, Краљевска, Кипријановска 4, Костадиновска 4.

Седмерци: 5/6, Исклучувања:

ВАРДАР: Мицевска, Суслина, Саздовска 7, Бајрамоска 6, Керамичиева 11, Хмирова, Петровиќ 7, Гичевска 9, Ристовска 8.

Седмерци: 5/5, Исклучувања: 4 мин.