Вчера за Македонија и Србија, денеска за Вардар (ФОТО)

Ракометарите на Вардар во овие моменти го играат првиот натпревар од плеј-офот во македонската Суперлига, а ривал е составот на Пролет.

Поради репрезентативните обврски, стратегот Роберто Гарсија Парондо им даде одмор на играчите кои имаа обврски со националните тимови, освен на Мартин Поповски и Дејан Милосављев. Тие вчера настапија за Македонија, односно за Србија во евроквалификациите, но не добија поштеда.

Денеска не играат Гедбан, Шишкарев, Калараш, Дибиров, Горбок, Кисељов, Карачиќ, Кристопанс, како ни повредениот Дисингер и штотуку заминатиот Борозан.

Во ростерот покрај Поповски и Милосављев, се уште и Кизиќ, Војводиќ, Мишевски, Скубе, Недановски, Мораес и Чупиќ, како и кадетите Благој Димчевски, Велимир Груевски, Давид Ставревски,  Симон Калајџиевски, Марио Мишевски и Дамјан Србиновски. Иако во записникот е пријавен и Кисељов, сепак тој не е на клупата на Вардар.