Вујо против Вардар – втор дел

Вардар во 11 коло од регионалната СЕХА лига гостува кај српскиот вицепрвак Железничар во Ниш. Тоа е една од трите средби што Вардар ќе ги одигра до крајот на годината, покрај натпреварите со Татран дома и на гости кај Стеауа.

Вардар на овој натпревар е фаворит, не само поради разликата во бодови и местата на табелата туку и поради фактот што „црвено-црните” треба да освојуваат бодови за да го потврдат првото место и сигурниот пласман на Ф4 турнирот во СЕХА лигата.

Домашниот тим на Железничар има три победи и едно реми, а во последниот меч во српското дерби одиграа нерешено 27-27 со Војводина. Тимот сака да биде конкурентен, и за последните мечеви го ангажираше и ветеранот Ратко Николиќ, кој е поранешен член на Вардар.

На првиот меч одигран во Скопје на почетокот на септември Вардар триумфираше со убедливи 15 голови разлика, 35-20. Натпреварот меѓу Железничар и Вардар се игра во салата „Чаир“ во Ниш со почеток во 20:15 часот.