Вујо и Жељо немоќни во српското дерби во СЕХА во Ниш

Железничар влезе со големи амбиции во СЕХА-лигата, но уште на стартот наиде на максимално расположените ракометари на Војводина кои успеаја да се изборат за триумф од 27:20. Гостите кои се шампиони на Србија влегоа силно во мечот, но во првите десет минути и домаќините успеаја да издржат.

После ова следуваше првиот удар од Војводина и почна создавањето на разликата. Во 15. минута веќеше 5:10 после 1:6 за седум минути и тука Железничар веќе го загуби чекорот. До крајот на првиот дел домашните успеаја да се доближат на три гола, а имаше еден период во кој одбраните беа во прв план.

На одмор се замина со 10:13, а потоа во вториот дел после 40. минута следуваше подобра игра од ракометарите на Војводина кои успеаја да стигнат и до осум гола позитива при 22:14, а на седум минути до крајот и до десет (15:25)

Тука веќе беше јасно дека бодовите од првиот меч одат за гостите од Нови Сад и дека тие го добиваат дербито на Србија во 1. коло од СЕХА-лигата.

Железничар денеска го имаше расположениот голман Михаљевиќ кој одбрани дури 20 удари, но и тоа не беше доволно за победа и подобар резултат. Сретеновиќ и Спасиќ со по пет гола беа најефикасни. Кај гостите голманот Веркиќ заврши со 14 одбрани, додека најпрецизни со по пет гола беа Николиќ и Грозданиќ.